ВИДЕО: Неверојатниот Дуплантис повторно го урна светскиот рекорд

Од:

Шведскиот скокач со стап Арманд Дуплантис продолжува со доминацијата во неговата дисциплина. Откако на убедлив начин стигна до златниот медал на Олимписките игри во Париз, сега Дуплантис на доминантен начин стигна до првото место и на митингот од „Дијамантската лига“ во Лозана.

Со прескокнати шест метри, Дуплантис веќе го имаше обезбедено првото место на митингот, а потоа следуваше шоуто. Швеѓанецот побара да ја стават летвичката на 6,26 метри и првиот обид беше неуспешен.

Сепак, во вториот обид Дуплантис ги воодушеви сите на стадионот и успеа да прескокне рекордни шест метри и 26 сантиметри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Човек се покри со илјадници пчели за да постави нов Гинисов рекорд

А1он