Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

Од:

Мирољуб Миловановиќ, таткото на убиениот Александар Миловановиќ, денеска се појави видно вознемирен пред судскиот совет во Белград. Се сврте кон стаклото зад кое седи обвинетиот за убиство на деветмина и тогаш тешко ранетите 12 лица – Урош Блажиќ и почна да вика.

– Крени ја главата и погледни ме добро. Погледни ме добро ! – извика тој.

На прашањето на обвинителот дали Александар бил во конфликт со Блажиќ, тој одговори негативно и додаде „дека сега се во конфликт“.

– Цел живот ќе го чекам! Како татко би сакал да го осудите на доживотен затвор, но си се заколнав дека ќе се одмаздам. Ослободете го сега! – рече тој.

Тој додаде дека се приклучува на барањето обвинителство и дека бара отштета од 100.000 евра по член на семејството.

Урош и неговиот татко Радиша Блажиќ, обвинети за недозволено набавување и поседување на поголема количина оружје, на вчерашното судење ја изнесоа својата одбрана.

Урош Блажиќ на вчерашното судење првпат јавно ја изнесе својата одбрана и го призна делото, но не сакаше да зборува за убиствата.

Зборуваше за оружјето и за неговиот татко Радиша Блажиќ, тврдејќи дека не му го дал оружјето со кое се изврши масакрот и кое било пронајдено при претресот.

Тој го искористи своето право да не одговара на прашања.

Радиша Блажиќ целосно ја негираше вината, наведувајќи дека никогаш не го видел оружјето што е пронајдено и дека не знае од каде му е оружјето на неговиот син.

„Урош се однесуваше како нормален човек, не се однесуваше како лудак, да интервенирам, да го пријавам – рече Радиша Блажиќ.

Вишиот суд во Смедерево, кој го води овој процес, од безбедносни причини заседава во зградата на Специјалниот суд во Белград.

Покрај денешниот термин, судењето е закажано и за утре, како и за септември.

Урош Блажиќ е обвинет дека на 4 мај минатата година убил девет и ранил 12 лица.

Неговиот татко Радиша Блажиќ е обвинет дека го набавил и поседувал оружјето кое било пронајдено во неговата куќа и со кое бил извршен масакрот.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Урош Блажиќ ја призна вината

Горан Наумовски

Урош Блажиќ призна сѐ: Убиецот од Младедонав даде своја одбрана за извршениот масакр

Родителите на жртвите го нападнаа масовниот убиец од Младеновац

(ВИДЕО) Годишнина од масакрот во Орашје и Дубона: Дојдоа и родителите на убиените деца од „Рибникар“