На Дрина се преврте чамец полн со мигранти, се трага по исчезнатите

Од:

Вицепремиерот на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека утрово Граничната полиција била известена од граничните власти на Босна и Херцеговина дека во текот на ноќта на Дрина се превртел чамец со мигранти.

„Утринава, околу 5 часот, Граничната полиција била известена од граничните власти на Босна и Херцеговина, како и од локален жител, дека потонал чамец со мигранти, кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу Дрлача и општините Љубовија и Орлице во општина Зворник. Веднаш по пријавата на местото на настанот се испратени припадници на полицијата и на Одделението за вонредни состојби и во моментов интензивно се трага по реката и крајбрежјето. Според мигранти кои стигнале до брегот, во чамецот имало околу 25 лица, а полицијата и пожарникарите-спасувачи на брегот пронашле 18 лица, од кои три деца. Во потрагата покрај припадниците на Полициската станица Љубовија и Одделението за вонредни состојби, учествуваат и припадници на Граничната полициска станиц. Се очекува да пристигне и жандармеријата за да се најдат другите мигранти“, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Пронајдена единаесеттата жртва од трагедијата на Дрина

Откриена причината за смртта на словенечкиот скокач во Дрина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објавена снимката од фаталниот скок на Словенецот во Дрина