Дачиќ: Бегството на терористот и воен злосторник Рамадани е скандалозно

Од:

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека е скандалозно бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Северна Македонија.

„Бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Северна Македонија е скандалозно. Станува збор за припадник на терористичката ОВК кој извршил злосторства врз Србите на Косово, а кого Србија го бара за да му суди. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој кој е уапсен по наша меѓународна потерница да избега од домашен притвор. Или меѓународната правда не важи за албанските терористи и воени злосторници, кога убиваат Срби, се е дозволено и простено“, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Дачиќ: Спасувачите се обидуваат да извлечат жена и девојче

Дачиќ: Откриена е голема измама, жртвите останале без милиони евра

Горан Наумовски

Дачиќ на средба со Мицкоски, разговарале за унапредување на односите

Предраг Петровиќ

Клинаку: Рамадани побегна од домашен притвор затоа што македонските власти сакаат да го екстрaдираат во Србија

Дачиќ: Три хеликоптери на МВР ќе помогнат во гаснењето на пожарите кај Прохор Пчињски и во Македонија