Шаќири повеќе не е фудбалер на Чикаго Фајр

Од:

Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири повеќе не е фудбалер на Чикаго Фајр, клуб од американската МЛС лига.

По две и пол сезони во тој тим и официјално е слободен играч.

„Чикаго Фајр и Џердан Шаќири се договорија да го раскинат договорот“, беше објавено на клупската веб-страница, со објаснување што го презентираше спортскиот директор Џорџ Хајц.

„По разговорот со Џердан, заедно се согласивме дека разделбата е во најдобар интерес на сите страни. Му благодариме за придонесот во клубот и му посакуваме среќа во следното поглавје од кариерата“, беше наведено исто така.

Шаќири пристигна во Америка по краткиот престој во Лион, Франција, а за тимот на Чикаго настапи на 75 натпревари и постигна 16 гола со 20 асистенции.

Би можело да ве интересира

Шакири нов фудбалер на Лион

А1он

Шакири сака во Рома, Клоп не го дава