Украина ќе формира тампон зона во руската област Курск, а Црвениот крст, Обединетите нации и други меѓународни организации ќе имаат пристап до овој регион за извршување на хуманитарни активности, изјави денеска комесарот на Врховниот совет за човекови права, Дмитриј Лубинец.
Тој го изјави ова по средбата со претседателот Володимир Зеленски и други високи функционери за ситуацијата во регионот Курск, кој украинските сили го нападнаа на 6 август, пренесува Униан.
„Нашата армија, со цел самоодбрана, формираше „тампон (санитарна) зона“ на територијата на Курската област. Заедно со сите учесници на состанокот разговаравме за безбедносните гаранции на оваа територија“, рече тој.