Германија: Грција да почне со исплата на пензиите и платите во драхми

Од:

„Грција треба да почне половина од своите пензии и платите на државните службеници да ги исплатува во драхми како дел од постепеното излегување од евро зоната“, вели генералниот секретар на Христијанската социјална Унија Александар Добринт.
Тој во повеќе наврати досега истакна дека на Грција ќе и биде подобро доколку излезе од евро зоната.

„Што се однесува на Грција, со неа стигнавме до крајот на патот. Веќе не смее да има дополнителна помош. Земјата која не сака да ги исполни условите или не е во состојба тоа да го направи, мора да добие прилика надвор од евро зоната“, рече тој.

Христијанската Унија досега ги критикуваше европските пакети за помош на Грција, но неговите коментари упатуваат на степенот на незадоволство на Германија во поглед на неуспехот на официјална Атина да ги исполни реформските цели договорени во рамки на упатените пакети за помош во вредност од 130 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он