Пронајдени се телата на 31 патник по авионската несреќа кај Сао Паоло

Од:

Најмалку 31 тело досега се пронајдени на местото на авионската несреќа во Бразил, во која загинаа 62 лица, а идентификувани се пилотот и копилотот, соопшти покраинската влада на Сао Паоло.

„Меѓу загинатите има Венецуелец и португалски државјанин“, рече претставникот на цивилната одбрана Роберто Фарина, додавајќи дека биле контактирани локални конзулати.

Сите пронајдени тела се префрлени во полициската мртовечница во Сао Паоло, објави Ројтерс.

„Се анализира таканаречената „црна кутија“ на авионот, која содржи гласовни снимки и податоци за летот“, изјави Марсело Морено, шеф на бразилскиот центар за истражување на воздушни несреќи Cenipa.

Би можело да ве интересира

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Авион се урна во Бугарија

М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември

Три мали авиони се урнаа во Германија, загинаа три лица

Горан Наумовски

САД: Авионот се урна во предградието на Портланд, три лица загинаа

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд