Руските сили денеска ракетираат супермаркет во украинскиот град Костијантинивка во областа Доњецк. Нападот бил извршен додека во продавницата имало многу луѓе. На социјалните мрежи се шират снимки од нападот.
Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 35 се ранети, соопшти Украинската канцеларија за вонредни ситуации. Се стравува дека под урнатините на продавницата има повеќе луѓе.
Russia has bombed a busy supermarket in the middle of a Friday afternoon.
Kostiantynivka. pic.twitter.com/axWfavcTTl
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) August 9, 2024
Украинските власти најавија дека ги утврдуваат сите последици од нападот.
„Нападот на супермаркетот во Костијантинивка е уште еден пример за руски терор. Сè што можат да направат е да убиваат цивили“, објави на Телеграм Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За ракетниот напад на продавницата реагирасе и Зеленски, кој објави дека луѓе се заробени под урнатините, додавајќи дека спасувачките служби „ќе направат се за да ги извлечат“. „Русија ќе одговара за овој терор“, додаде Зеленски.
Kostyantynivka, Donetsk region. Russian terrorists hit an ordinary supermarket and a post office. There are people under the rubble. A rescue operation is underway, and everything will be done to save them.
At the moment, it’s known that four people have been killed. My… pic.twitter.com/Sd9vrGTHTc
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 9, 2024
Како што објави на X Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, жена од Костјантиновка вели дека нејзината десетгодишна ќерка и девер во моментот на нападот биле во супермаркет и дека се исчезна. Не знае дали се живи.
Шефот на регионалната воена администрација изјави дека Русите го нападнале супермаркетот со ракета Х-38. Во нападот беа оштетени 9 продавници, пошта, 9 приватни куќи, 12 изложбени павилјони и 12 автомобили.
Русија се уште не реагирала на нападот.