По масакрот на премиерата на најновиот филм за Бетмен на 19 јули во кино салата Аурора во Аризона во кој беа убиени 12 луѓе, а повредени беа 58, вниманието на јавноста е сега свртено кон сведочењата на преживеаните.
Една од најпотресните е на Џенсен Јанг чиј живот го спаси нејзиниот дечко заштитувајќи ја со сопственото тело.
Она што се знае засега со сигирност е дека убиецот уредно купил билет за премиерата на Бетмен, но и дека по почетокот на филмот излегол на задната врата , облекол прслук, шлем и гас маска и влегол во салата го активирал канистерот со гас и почнал да пука на публиката со два пиштоли, сачмарка и автоматска пушка.
„Канистерот со гас одлета зад нас..и само буум“, раскажа Џенсен Јанг во програмата „Today“ на телевизијата NBC.
Нејзиниот дечко Бланк ја турнал на подот и ја вовлекол под столицата и легнал над неа и и шепнал на уво дека некој е во кино салата со пушка и ги убива луѓето.
Бланк за разлика од повеќето присутни веднаш сфатил што се случува. Таа не можела да поверува дека е вистина, а за крвта наоколу помислила дека е некоја течност од балоните наполнети со вода.
Кога се било готово, и кога одлучила да стане и да бега надвор сфатила дека нејзиноиот дечко кој уште лежел над неа е мртов и дека го жртвувал неговиот живот за да ја спаси.
„Беше голем јунак и ми даде шанса да преживеам“, рече таа додавајќи дека „јунак не беше само таа ноќ, туку од секогаш и засекогаш“.
Да биде целата приказна уште потрагична, таа само што дошла во Колорадо да започнат заеднички живот.