Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, коментирајќи го нападот на украинските сили врз регионот Курск во Русија, изјави дека според меѓународното право, Украина „има законско право да се брани, вклучително и удари против агресор на нејзина територија“.
„ЕУ продолжува целосно да го поддржува легитимното право на Украина да се брани од руската агресија и нејзините напори да ги врати суверенитетот и територијалниот интегритет“, изјави Стано.
Москва објави дека украинските сили се обиделе да окупираат дел од територијата на Курската област, а началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија Валериј Герасимов изјави дека напредувањето на вооружените сили на Украина во правец на Курск е запрено.
Во Курската област е воведена вонредна состојба по нападот на украинските сили.