Машката одбојкарска репрезентација на Полска денеска се пласираше во финалето на Олимписките игри, откако ја совлада селекцијата на САД со резултат 3:2 (25:23, 25:27, 14:25, 25:23, 15:13).
Најефикасен кај полската репрезентација беше Вилфредо Леон со 26 поени, а Норберт Хубер постигна 15.
Во изборот на САД најдобар беше Метју Андерсон со 24 поени.