Машката одбојкарска репрезентација на Италија се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, откако денеска во четвртфиналето ја совлада Јапонија со 20:25, 23:25, 27:25, 26:24, 17:15.
Најефикасен во италијанската селекција беше Алесандро Микелето со 24 поени, додека Јури Романо и Даниеле Лавија постигнаа по 19 кај јапонската репрезентација најдобар беше Јуки Ишикава со 32 поени.
Италијанските одбојкари во полуфиналето на ОИ ќе играат против победникот од мечот меѓу Германија и Франција кој на програмата е од 17 часот.
Полските одбојкари денеска се пласираа во полуфиналето на ОИ, откако ја совладаа Словенија со 3:1, по сетови 25:20, 24:26, 25:19, 25:20.
Во полуфиналето Полска ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Бразил и САД. Овој натпревар е на програмата вечерва од 21 часот.