Италијанскиот олимпиец спиеше надвор на тревата: Условите се неподносливи во олимпиското село

Од:

Олимпиското село е цел на критики откако олимпискиот златен медалист Томас Чекон беше снимен како спие покрај клупата во паркот. Италијанскиот пливач и претходно се пожали на условите во Олимпиското село и тврдеше дека се „под стандардот“, пренесува Унилад.

На фотографијата која е направена се гледа дека има бел пешкир распослан на тревата под дрвото и дека тој спие свиткан. Саудискиот веслач Хусеин Алиреза го снимил Чекон и го објавил видеото на својот Инстаграм профил. “Во селото нема клима, жешко е, храната е лоша. Многу спортисти се селат поради тоа”, изјави претходно 23-годишната италијански пливач.

Италијанската пливачка федерација ФИН мораше да појасни дека видеото на Чекон не е поврзано со неговите претходни коментари за Олимпиското село. Тие за новинската агенција АНСА изјавија дека тоа е „само краток сон“, посочувајќи дека видеото е снимено во текот на денот.

Социјалните мрежи беа преплавени и претходно со снимките на Чекон. На Олимписките игри во Париз освои злато на 100 метри грбно и стана првиот Италијанец кој стигнал до подиумот во таа дисциплина.

Со својот изглед го привлече вниманието на бројните женски гледачки ширум светот. Неговите фотографии станаа вирални на социјалните мрежи откако Томас ненамерно ја крена кошулата за да ги открие стомачните мускули за време на церемонијата за доделување медали пред една недела. Потоа се качи на подиумот и ги крена рацете во воздух.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Предраг Петровиќ