Теа ЛаФонд (30) го освои златото во трискок на Олимписките игри во Париз и со тоа ја испиша историјата на Доминика.
Доминика е мала земја на Карибите со само 72.000 жители.
Сепак, ЛаФонд успеа на таа мала земја да и го донесе првиот олимписки медал во историјата и тоа злато.
Како клучна се покажа втората серија на натпреварувањето, во која ЛаФонд скокна на одлични 15,02 метри, со што и го обезбеди златото.
Во истата серија Јамајканката Шаниека Рикетс (32) скокна на 14,87 метри што и беше доволно за сребро, а Американката Јасмин Мур (23) скокна на 14,67 метри за бронза.