Русија се соочува со висока стапка на жртви во војната против Украина во офанзивата долж фронтот меѓу Харков на североисток и Роботин на југ, велат аналитичарите на британското Министерство за одбрана.
Во просек, повеќе од 1.000 руски војници веројатно ќе продолжат да гинат или да се ранети секој ден во август, соопшти Министерството во својата најнова проценка објавена денеска.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 3 August 2024.
Find out more about Defence Intelligence's use of language: https://t.co/PwPJnsVZdN#StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/52owshfk8k
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) August 3, 2024
Во североисточниот украински регион Харков, се наведува дека руските сили ги консолидирале своите позиции, а руските жртви малку се намалиле.
Додека просечно 1.262 руски војници беа убиени или ранети секој ден во мај, што е рекорд, бројката падна на 1.140 во јуни, соопшти Министерството на социјалната мрежа X.
Сепак, последните три месеци беа најлоши во однос на загубите од почетокот на војната, соопшти британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на информации од украинскиот Генералштаб.
Бројките не можат да се потврдат независно.
„Ефикасната одбрана на Украина и недостатокот на руска обука ја намалуваат способноста на Русија да ги претвори сите тактички успеси во пошироки оперативни придобивки“, додаде Министерството.