Таткото на Барбара Матиќ е уапсен во Париз, пријавен дека насилно бакнал волонтерка

Од:

Борис Матиќ, таткото на хрватската џудистка Барбара Матиќ, која вчера го освои златниот олимписки медал, денеска е приведен во Франција под сомнение за сексуален напад врз волонтерка задолжена за сместување на гледачи.

Таа пријавила во полиција дека таткото на Барбара Матиќ насилно ја бакнал додека ја прославувал победата на својата ќерка во четвртфиналето на натпреварот. 24-годишната волонтерка шокирана од однесувањето на таткото вели дека се обидела да го одбие, но тој ја принудил да ја бакне.

Француски BFMTV од полициски извори блиски до случајот дознава дека таткото на Барбара Матиќ бил однесен во полициската станица во 7-миот арондисман во Париз и дека тој моментално е под истрага, по поднесена пријава против него.

Според нив, таткото на Барбара Матиќ се уште е во притвор во Париз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Предраг Петровиќ