Ватерполистите на Италија ја совладаа црногорската селекција во Париз по подоброто издание на петорката со вкупен резултат 11:9 (2:2, 2:2, 3:3, 1:1, 3:1). , во натпреварот од третото коло на Олимписките игри.
По регуларниот дел од натпреварот резултатот беше израмнет 8:8.
Италија до победата ја предводеа Франческо Ди Флувио и Гонзало Еченике со по два гола.
Најефикасен кај Црна Гора беше Владо Попадиќ со три гола.
Италија е втора во групата со осум бода, а Црна Гора е на петтото место со два бода.
Во следното коло Италија ќе игра против Романија, а Црна Гора против САД.