Хрватската џудистка Барбара Матиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри.
Во категоријата до 70 килограми таа беше подобра од Холанѓанката Сана ван Дијке.
Таа до триумфот стигна со ипон на почетокот на борбата.
Нејзина противничка во финалето ќе биде Германката Миријан Буткерајт.
На тој начин Матиќ го обезбеди вториот медал за Хрватска, откако Миран Маричиќ ја освои бронзата во стрелаштво.