ОН: Израелците ги мачат приведените Палестинци

Од:

Палестинците, приведени од Израел за време на војната во Газа, главно се чуваат во тајност и се подложени на тортура, соопшти денеска канцеларијата на високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк.

„Сведоштвата собрани од мојата канцеларија и од други субјекти зборуваат за низа ужасни дејствија како што се, меѓу другото, симулирано давење и пуштање кучиња врз затворениците, што е флагрантно кршење на меѓународните закони за човекови права и меѓународното хуманитарно право“, рече Турк.

Најмалку 53 затвореници од Газа и Западниот Брег починале во израелски притвор од 7 октомври, според извештајот на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации од тој датум до 30 јуни.

Од нападот на Хамас на 7 октомври врз Израел и почетокот на израелската офанзива на Појасот Газа, илјадници Палестинци, вклучувајќи лекари, нивни пациенти, жители и заробени борци, беа однесени од енклавата во Израел, „обично со лисици и врзани очи“. Илјадници други се приведени на Западниот Брег и Израел, се вели во извештајот.

„Повеќето од нив се приведени во тајност, без да се наведе причината за притворот, без пристап до адвокат или судски надзор“, се предупредува во извештајот.

Тирк ги повика сите страни вклучени во конфликтот да постигнат договор за прекин на огнот и да обезбедат почитување на меѓународното право и да обезбедат транспарентност во однос на неговите прекршувања.

Извештајот заклучува дека постојат „разумни основи да се верува“ дека сите функционери, и израелските и палестинските вооружени групи, „извршиле сериозни прекршувања на правата и злоупотреби“.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите