Стојаноска: Со усвојување на ребалансот на Буџетот почнува консолидација на државава

Од:

Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот за 2024 година почнува консолидацијата на Република Македонија. Дури и со ваква опустошена државна каса, доколку има волја, знаење и капацитет може да почнат промените на подобро вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

– Со овој Ребаланс ќе започнат и клучни реформи во секторот Здравство. Обезбедени се финансии за почетокот на реализацијата на проектот за вработување на приватните специјализанти. До крајот на оваа година, македонските болници ќе бидат посилни за 300 млади доктори специјалисти. 300 специјалисти оваа, а 300 догодина ќе бидат соодветно ангажирани во здравствениот систем и на тој начин ќе се зголеми квалитетот на самата здравствена услуга. Докторите нема повеќе да ја напуштаат државата бидејќи таа ќе се грижи за нив. Во Ребалансот исто така има обезбедено средства и за проширување на позитивната листа на лекови. Прв пат по 15 години, позитивната листа ќе биде проширена и македонските граѓани ќе плаќаат поевтини лекови, рече Стојаноска.

Би можело да ве интересира

За вештачења за случаите „Пулс“ и „Онкологија“, за дигитализација, за вработувања – Коцевски побара повеќе пари од пратениците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци

А1он

Ребалансот на Буџетот пред пратениците на 2 јули

Ребалансот на буџетот во Собрание до 25 јуни

Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија