Во железничката несреќа што се случи денеска во близина на Волгоград, во Русија, кога возот се судри со камион и излета од шините, 100 лица се повредени, според првичните информации, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на Телеграм каналот 112, додека агенцијата Интерфакс пренесе дека 30 лица се хоспитализирани.
„Досега се примени 30 лица со умерени повреди“, изјави извор од централната регионална болница.
Агенцијата ТАСС наведува дека се превртеле осум вагони.