Температури до 39 степени денеска, повторно влегуваме во период на горештини

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје, сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Од УХМР најавуваат дека наредните денови следува период на претежно сончево и топло време. Во понеделник и во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер, над 60 километри на час.

Би можело да ве интересира

Портокалова фаза, 40 степени и здравствени ризици

Катерина Ѓуровски

Пеколен топлотен бран во Македонија, во регионот пожари, Дунав на најниско ниво

Сончево и топло, температури до 39 степени

А1он

Период на пеколно време во земјава, лекарите алармираат

Температури до 38 степени денеска, во следниот период потопло

Можно невреме денеска, од утре повторно топло