Првата сензација беше забележана денеска на Олимписките игри, а ја донесе натпреварот во мечување, во дисциплината сабја.
Имено, веќе во првото коло на турнирот испадна трикратниот последователен шампион Арон Шилаѓи од Унгарија, кој го освои златото на претходните три турнири.
Силаѓи се бореше против Канаѓанецот Фарес Арфа, кој на почетокот на мечот дојде до голема предност, а потоа ја задржа до крајот за неверојатна победа над фаворизираниот ривал.
Борбата траеше 10 минути и 10 секунди, а Арфа победи со резултат 15:8.
Инаку, Силаѓи пристигна на Олимписките игри додека унгарската Национална мечувачка федерација ја тресе скандал бидејќи тренерот на Шилаѓи, Андраш Дечи не сакал да отпатува за Париз.
Дечи се повлече од делегацијата откако Мечувачката федерација на Унгарија го номинираше Кристиан Раб наместо неговиот брат Тамаш Дечи во машкиот тим кој патува за Париз.