Допинг скандал на првиот ден од Олимписките игри, Доминиканката доби забрана за натпреварување

Од:

Првиот натпреварувачки ден на Олимписките игри продолжува, а веќе се случи и првиот допинг скандал, бидејќи Лисвел Ев Мехија беше исфрлена од женската одбојкарска репрезентација на Доминиканската Република.

Ден пред првиот меч на Игрите, Доминиканките добија вест дека на една од најискусните одбојкарки во составот нема да и биде дозволен настап во Париз.

Мехија беше позитивна на фуросемид по натпреварувањето во Лигата на нации со својата репрезентација, а тоа е препарат кој делува како диуретик.

Тоа значи дека се користи за исфрлање на течност од телото, а спортиската од Доминиканската Република наводно го користела додека се обидувала да ја залечи повредата на коленото.

„Се чувствувам многу лошо и разочарано. Направив превид што претходно не ги истражував лековите за да го контролирам задржувањето на течности. Има дел од мене што ме прави смирена, бидејќи отсекогаш сум била личност со искреност и интегритет. Тоа не беше моја намера да ги подобрам своите физички перформанси. Знам дека тоа е тешко да се докаже, а луѓето не можат да веруваат во мојата приказна, сепак, ќе ја држам главата високо и ќе ги прифатам последиците со целосна одговорност.

Инаку, Доминиканките на ОИ играат во групата Ц со Турција, Италија и Холандија, а утре во 9 часот ќе ги вкрстат копјата со Италијанките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Предраг Петровиќ