Пиротехнички спектакл, метал бенд и најголемата француска ѕвезда: Ова се настапите од отворањето на Олимписките игри во Париз

Од:

За прв пат во историјата на отворањето на Олимписките игри настапи метал бендот Gojira, а заедно со нив настапи и оперската пејачка Марина Виоти. По нив следеше подеднакво спектакуларен настап на најпопуларната француска пејачка Аја Накамура.

Отворањето на Олимписките игри во Париз го одбележаа музички изведби, а францускиот метал бенд Gojira, како што претходно беше најавено, настапи со оперската пејачка Марина Виоти.

Нивната прекрасна изведба е создадена под раководство на уметничкиот директор Томас Џоли. По дел од свеченостите посветени на „Les Miserables“ и фокусирање на фасадата на замокот каде пред публиката пееше обезглавената Марија Антоанета, на еден од прозорците се појави тапанарот на Gojira, Марио Дуплантие.

Камерата потоа ги прикажа преостанатите членови на Gojiraа како настапуваат од различни делови на замокот.

Потоа беше прикажан чамецот со оперската пејачка Марина Виоти, по што следеше координиран пиротехнички спектакл.

Аја Накамура се појави во златното издание, една од најпопуларните пејачки во Франција, која често ја нарекуваат и нивната најголема ѕвезда, ја изведе својата песна „Pookie“.

Француско-малиската кантавторка е најслушаната пејачка од француско говорно подрачје во светот, а настапи и на свеченото отворање на Олимписките игри, пркосејќи им на критиките на екстремните десничарски активисти.

Екстремно десничарските политичари и конзервативци ја обвинија 29-годишната пејачка, најпозната по хитот „Djadja“, кој го изведе и за време на церемонијата, за „вулгарност“ и непочитување на францускиот јазик во нејзините текстови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Предраг Петровиќ