Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Ивано-Даревка во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).
Во соопштението се прецизира дека единиците „Југ“ ја презеле контролата врз тоа село, пренесува Тасс.
Министерството за одбрана претходно објави дека на 19 јули руските сили ја презеле контролата врз населбата Јуриевка во ДНР, а на 21 јули населбата Розовка во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), како и Пешчано Нижне во Харковска област.