Опасна и силна бира од вчера го запре сообраќајот по должината на брегот на Јадранското Море. Патиштата и мостовите се затворени, а сите фериботски услуги се прекинати.
Само патничките автомобили можат да се движат преку Крчкиот мост, јадранската магистрала од Бакар до Св Марија Магдалена (Д8), дел од автопатот Риека-Загреб (А6), помеѓу клучките Делница и Киковица и обиколницата Риека – Ореовица- Шкуриња, каде што се вози со брзина од 40 километри на час.
Патиштата во Лика, Горски котор и Славонија, како и сите останати по централна и северозападна Хрватска се влажни и лизгави.
Возачите се предупредени да ја прилагодат брзината и условите на возење на патиштата и одржувањето безбедно растојание меѓу возилата.
Поради лизгање на земјиштето на автопатот Д1 се вози најизменично, возилата од едниот правец, па возилата од другиот правец.