САД ја критикуваа позицијата на МСП за израелската окупација на палестинските територии

Од:

Соединетите Држави го критикуваа „досегот“ на мислењето на највисокиот суд на ОН дека израелската окупација на палестинските територии е нелегална и рекоа дека тоа ќе ги искомплицира напорите за решавање на конфликтот.

„Јасно бевме дека поддршката на израелската влада за населбите го крши меѓународното право и го попречува постигнувањето на мирот“, рече портпаролот на Стејт департментот“ и додаде „Сепак, ние сме загрижени дека дофатот на мислењето на судот ќе ги искомплицира напорите за решавање на конфликтот“.

Меѓународниот суд на правдата (МСП) објави дека израелската окупација на палестинските територии и населби е нелегална и мора да заврши што е можно поскоро, претставувајќи го својот најстрог став досега за израелско-палестинскиот конфликт.

Стејт департментот смета дека ставот на МСП дека Израел мора да се повлече од палестинските територии што е можно поскоро е „спротивен на воспоставениот модел“ за решавање на конфликти. Вашингтон посочува дека овој модел ги зема предвид безбедносните потреби на Израел, истакнати по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и додава дека напредокот може да се постигне со директни преговори.

Израел го отфрли мислењето на судот и исто така посочи дека единствениот пат до политичко решение е преку преговори. Кабинетот на палестинскиот претседател Махмуд Абас го поздрави мислењето, кое тој го нарече историско. МСП објави не обврзувачко советодавно мислење дека континуираното присуство на Израел на окупираните палестински територии е незаконско и треба да заврши „што е можно поскоро“.

„Израелските населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим, како и режимот поврзан со нив, беа воспоставени и одржувани со кршење на меѓународното право“, рече претседателот Наваф Салам, повикувајќи се на заклучоците на комисијата од 15 судии.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас