Многу висок ризик од пожар, под ризична категорија 4, се предвидува денеска во регионот на Атика и во областите на Пелопонез и централна Грција, покажуваат податоците на Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатски кризи.
Надлежните служби упатија апел до граѓаните да избегнуваат активности на отворено кои можат да предизвикаат пожар, како што се палење сува трева и гранки или чистење на шут, употреба на машини кои можат да предизвикаат пожар, како што се пили, апарати за заварување, користење скари на отворено, фрлање запалени цигари, пренесува Катимерини.
Грчкото Министерство за цивилна заштита издаде предупредување за висок пожар во многу делови од земјата, вклучително и Атика, Крит, централна Грција, северниот дел на Егејското Море, Пелопонез, Источна Македонија и Тракија.