Шоко Мијата има 19 години и е капитен на јапонската женска гимнастичка репрезентација, но нема да оди на Олимпијада бидејќи беше исфрлена од тимот.
Таа го прекршила протоколот поврзан со консумирање цигари и алкохол, соопшти Јапонската гимнастичка асоцијација (ЈГА).
Мијата го напушти тренинг кампот на репрезентацијата во Монако во четвртокот, враќајќи се во Токио поради истрагата која ги потврди нејзините прекршоци.
Таа признала дека летово конзумирала алкохол и запалила цигара, што е забрането со закон во Јапонија за сите помлади од 20 години.
Тренерот Муцуми Харада рече дека нејзиното однесување е непромислено, но тој ја разбира бидејќи е под голем притисок пред Олимпијадата.
„Таа ги помина деновите навистина под голем притисок. Би ги замолил луѓето да го разберат тоа“, рече тој, бришејќи ги солзите.
Мијата е актуелен јапонски шампион. На Светското првенство во Ливерпул 2022 година, таа освои бронза на греда и го освои петтото место во повеќебој.
Јапонскиот машки гимнастички тим освои злато на Олимписките игри во 2016 година, додека жените последен пат освоија екипен медал во 1964 година кога завршија на третото место.
Уметничката гимнастика е еден од најпопуларните спортови на Летните игри и ќе се одржува од 27 јули до 5 август.