Полицијата извести дека вчера во 23 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ било пријавено дека осуденикот М.П.(35) од с.Мојанци, скопско, при пад од ограда се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Според пријавеното, во 19 часот, откако му завршила смената во јавно претпријатие лоцирано веднаш до установата, за да излезе, се обидел да ја прескокне оградата затоа што главната капија била заклучена, а откако се качил на оградата, му се слошило и паднал. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести МВР.