Украина и Русија денеска разменија 95 воени заробеници

Од:

Русија и Украина денеска разменија 95 воени заробеници во најновата размена со посредство на Обединетите Арапски Емирати, соопштија украинскиот претседател Володимир Зеленски и руското Министерство за одбрана.

Руското Министерство за одбрана во соопштението објавено на Телеграм наведува дека ослободените руски војници ќе бидат префрлени во Москва на медицински прегледи и физичка и психолошка рехабилитација.

Украинскиот претседател рече дека ослободените украински затвореници биле припадници на украинските вооружени сили, Националната гарда и граничната служба.

Зеленски им се заблагодари на Обединетите Арапски Емирати за помошта. Тоа беше трета ваква размена во изминатите седум недели.

Во последната размена, која се одржа во јуни и беше посредувана од Обединетите Арапски Емирати, Русија и Украина разменија по 90 затвореници.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина