Труење со цијанид предизвикало смрт на шест странски државјани чии тела биле пронајдени во соба во луксузен хотел во Бангкок, соопштија денеска тајландските власти, додавајќи дека меѓу жртвите е и осомничениот убиец.
Телата биле откриени од персоналот во соба на петтиот кат на хотелот Гранд Хајат, откако гостите не успеале да се одјават по повеќе од 24 часа, изјави полицискиот комесар на Бангкок, Тити Саенгсаванг, според Си-Ен-Ен.
Траги од смртоносната хемикалија биле пронајдени при обдукција на чаши за пиење и чајник во собата во луксузниот хотел Гранд Хајат Ераван каде што доцна синоќа беа откриени телата, соопштија полициски и болнички извори, пренесе Ројтерс.