Се продава највредниот розов дијамант

Од:

Аукциската куќа Sotheby’s во средата го презентираше за јавноста 59,60 каратниот интензивно розов дијамант кој ќе биде понуден на наддавање во Женева коешто ќе се одржи во ноември а почетната цена ќе биде 49 милиони евра.

„Розовата ѕвезда”, беспрекорен топчест розов дијамант така би требало да стане највредниот дијамант кога и да е понуден на аукција, пренесе Макфакс.

„Имав чест да го прегледам еден од најголемите дијаманти на светот во последните 35 години и можам без двоумење дека Розовата ѕвезда е дијамант од огромна важност”, вели Дејвид Бенет раководителот за скапоцени камења на Sotheby’s.

„Тешко е да се претера во тоа колку се ретки розовите дијаманти од само пет карати, па овој камен 59,60 карати е надвор од сите категории”, додал Бенет дека Розовата ѕвезда припаѓа во „редот на најголемите природни богатства на Земјата”.

Дијамантот кој оригинално тежел 132,5 карати е ископан во рудникот на „Де Бирс” во Африка во 1999 година и биле потребни повеќе години режење, брусење и полирање за да го добие сегашниот облик. На јавноста првпат и’ беше претставен во 2003 година, а беше продаден во 2007 година. Тогашната продажна цена, како и името на сопственикот никогаш не беа објавени.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ