Обдукцијата потврди дека телото што го пронашле шпанските спасувачи во Тенерифе во понеделникот му припаѓа на исчезнатиот британски тинејџер Џеј Слејтер.
Портпаролот на судот потврдил дека отпечатоците земени од телото се совпаѓаат со оние на исчезнатиот 19-годишник од Ланкашир, јавуваат британските медиуми.
„Направена е позитивна идентификација и имаме повеќе информации: тестовите за отпечатоци покажуваат дека телото му припаѓа на Џеј Слејтер и дека смртта е предизвикана од траума во согласност со пад во карпеста област“, се вели во соопштението.
„Документацијата пронајдена на тело вчера во планината Маска е потврдена дека му припаѓа на Џеј Слејтер“, се вели во соопштението.
Понатаму се вели дека „сè укажува на случајно паѓање“, но резултатите од официјалната истрага за смртта ќе потрае повеќе време.
Тинејџерот исчезна откако присуствуваше на музички фестивал на островот пред четири недели, откако се оддалечи од сместувањето во Airbnb што го изнајми од група луѓе со кои беше на фестивалот НГР.
Последен пат бил виден како шета сам во оддалечена област на северот од островот, во близина на селото Маска.