Орбан на колегите од ЕУ им достави предлози за крај на конфликтот во Украина

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на лидерите на земјите од Европската Унија им испрати предлози за начините за решавање на украинскиот конфликт врз основа на резултатите од неговата мировна мисија, за време на која од 2 до 11 јули ги посети Русија, САД и Украина. Според неговиот политички советник и имењак Балаж Орбан, унгарскиот акционен план е на масата на сите европски шефови на влади.

Премиерот писмено ги информираше лидерите на Европскиот совет за резултатите од првата фаза од преговорите, за мировната мисија и за предлозите на Унгарија.

„Ако Европа сака мир и сака да има одлучувачки глас за решавање на воениот конфликт и ставање крај на крвопролевањето, тогаш таа сега мора да развие и спроведе промена во својот политички курс“, рече советникот на премиерот во интервју за весникот „Маѓар Немзет“.

Тој истакна дека „планот на Орбан сега е на масата на секој премиер на ЕУ“.

Според Балаж Орбан, овој план вклучува реална проценка на ситуацијата, реални цели и соодветен распоред за дејствување.

На ова се заснова нашиот пристап“, нагласи советникот на шефот на унгарската влада.

Би можело да ве интересира

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски

Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина

Орбан до Зеленски: Прекин на огнот во Украина за време на Божиќ се уште важи, ваша е одговорноста

Зеленски имал сериозна кавга со Орбан

Сијарто: Украина силно одби дозвола за телефонски разговор меѓу Орбан и Зеленски