ВИДЕО: Француската министерка заплива во Сена, сакаше да докаже дека водата е чиста за Олимпијадата

Од:

Француската министерка за спорт Амели Оудеа-Кастера денеска заплива во реката Сена во Париз, со што сакаше да покаже дека реката е доволно чиста за да се одржуваат натпревари во пливање на далечина и пливачкиот дел од триатлонот за време на Олимписките игри.

Претходно министерката изјави дека одржувањето на натпреварот во Сена ќе биде настан на векот и дека тоа мора да се случи поради француската традиција. Реката Сена се користела за натпревари за време на Олимписките игри во Париз во 1900 година.

Откако се дозна дека Сена може повторно да се користи ова лето, многу се зборуваше за нејзината чистота. Последниве недели многу студии и анализи покажаа дека не ги исполнува целосно хигиенските стандарди за пливање, а главна причина за тоа беа честите врнежи во француската престолнина. Изминативе денови во областа преовладува суво време кое го намали нивото на загаденост, а натамошните прогнози укажуваат дека сувото време генерално треба да остане.

„Сите мерења во последните 12 дена покажаа дека реката е погодна за капење“, изјави Пјер Рабадан, претставник на париските градски власти, кој додаде дека организаторите не се плашат од откажување на натпреварот на Сена, туку дека постојат опции за одредени прилагодувања.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, исто така вети дека ќе плива во реката Сена. Олимписките игри започнуваат на 26 јули и траат до 11 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Макрон во одбрана на уметниците кои добиваат смртни закани за отворањето на Олимписките игри

ВИДЕО: Падна првата жртва, ТВ коменатор суспендиран поради изјава на отворањето на ОИ во Париз

Катерина Ѓуровски

Оваа сцена од отворањето на Олимпијадата предизвика гнев кај многумина