Драган Стојковиќ Пикси ќе остане селектор на Србија и по неуспешниот настап на оваа селекција на Европското првенство каде испадна уште во групната фаза.
Во репрезентацијата на Србија се појавија многу скандали, се шпекулираше и дека многу ѕвезди повеќе нема да играат додека Пикси беше на клупата, но на крајот дојде до голем пресврт.
Како што објавија денеска Mozzartsport, како и бројни други српски медиуми, Пикси ќе ја предводи Србија во новата сезона на Лигата на нации, која започнува во септември.
Оваа одлука ќе биде потврдена на состанокот на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија, кој треба да се одржи во петок.
Пикси доби поддршка да продолжи со мандатот во кој ги однесе „орлите“ на СП во Катар и на ЕП во Германија, а главна цел ќе му биде Србија да биде учесник на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Да потсетиме, Стојковиќ потпиша нов договор пред ЕП 2024, до 2026 година, но тој потпис стана под знак прашалник по разочарувачкиот настап на ЕП.
Србија првиот натпревар во Лигата на нации ќе го одигра во септември против Шпанија, која ќе биде домаќин на Маракана.