Полицијата во Нови Пазар со брза и ефикасна акција го уапси вахабистот Х.Х.(25) од Нови Пазар поради насилничко однесување.
Тој е осомничен дека синоќа со неколку тупаници удрил четириесет и седумгодишен сограѓанин на тераса од ресторан во Нови Пазар.
По наредба на надлежниот обвинител му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.