Прилепчанец истепал познаник, го врзал, му одзел пари и заминал

Од:

МВР извести дека вчера во ОВР Прилеп Е.А.(37) од Прилеп пријавил дека со Е.Б., со кого од претходно се познавале, со патничко возило „даеву“, кое тој го управувал, заедно дошле до „Маркови кули“.

Според пријавеното, Е.Б. физички го нападнал со употреба на метален предмет, а потоа го однел кај местото познато како „Германска чешма“, кај с.Дабница каде што повторно физички го нападнал, а потоа го врзал, му одзел пари и заминал.

Според пријавеното, на нападите им претходела расправија во врска со сопругата на сега осомничениот Е.Б.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ