ВИДЕО: Украинците го возвратија ударот, испратија десетици дронови на Русија

Од:

Украинските сили, според информациите одговорија со беспилотни летала на вчерашниот масовен руски ракетен напад врз Киев и други градови. Вчера руската армија изврши насилен ракетен напад врз украинските градови, при што беше погодена најголемата детска болница во Украина.

Во нападите загинаа 41 лице, а 166 беа повредени кога руски проектил срамни дел од детската болница Охматдит – најголемата педијатриска установа во Украина, а потрагата по преживеани под урнатините продолжи денеска во раните часови.

Утрово пристигнуваат информации за значаен напад со украински беспилотни летала врз цели во Русија. Гувернерот на јужниот руски регион Ростов рече дека избувнал пожар во електраната откако Украина лансираше „десетици“ дронови.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украинците извршиле „масовен напад со беспилотни летала“. Во текот на ноќта, тврди руското Министерство за одбрана, противвоздушната одбрана на територијата на Русија соборила 38 беспилотни летала во регионот на Волгоград, Белгород и Ростов.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море

На потег е Западот, Москва дополнува: Пораката од Путин е јасна и многу важна

Предраг Петровиќ

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ