Украинските сили се повлекуваат по делови од линијата на фронтот под силен руски притисок, а украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини недостатокот на оружје за тешката ситуација.
Тоа веројатно ќе го зголеми притисокот од Киев за време на самитот на НАТО следната недела во Вашингтон, сојузниците да ја забрзаат испораката на оружје.
„Ова не е ќор-сокак, туку проблематична ситуација“, рече Зеленски во интервјуто за Блумберг. „Проблемот може да се реши ако има алат и желба. Имаме желба, но алатот не стигна. Имаме бригади без оружје. Имаме 14 бригади кои немаат соодветно оружје, а испораката на тоа оружје веќе е изгласана“, се пожали Зеленски.
Не би било првпат оружјето да пристигне во Украина недоволно брзо и во недоволни количини, и покрај најавите и ветувањата на западните земји.
Јасно е дека постојат објективни пречки за брза испорака на големо количество оружје, но од украинска перспектива, секое запирање на испораката на оружје значи повлекување и ефективно предавање на територијата на руските сили кои напредуваат незапирливо со месеци и покрај тоа што трпат големи загуби.
Зеленски во истото интервју рече дека “за жал, тоа полека доаѓа. Денес треба да го заштитиме она што го имаме. Ќе започнеме офанзивна акција кога ќе бидеме подготвени. Кога ќе пристигне оружјето… а тоа се уште го немаме”.
Врховниот командант на украинската армија Олександр Сирски, исто така, го истакна недостатокот на добро обучени и мотивирани сили како клучен проблем. Сепак, Зеленски тврди дека ситуацијата со војниците е „многу подобра отколку пред три месеци“.
Украинските канали на социјалните мрежи, кои ја следат ситуацијата на фронтот од отворени извори, го забележаа рускиот напредок во регионите Харков и Доњецк. Тие наведуваат дека руските сили успеале да ги консолидираат своите позиции откако во последните две недели започнаа нова офанзива кон рударскиот град Торек.
Украинските истражувачи од првата линија од проектот Deep State забележале руски трупи како напредуваат во регионите Харков и Доњецк. Силите на Кремљ успеаја да се консолидираат во изминатите две недели откако започнаа нова офанзива врз рударскиот град Торек на исток.
И украинскиот генерал Сирски индиректно призна дека Русите напредуваат. „Активната линија на фронтот е зголемена“, рече главниот командант на украинската војска претходно оваа недела.
„Борбата со непријателот продолжува кај Торек. Окупаторите 18 пати неуспешно нападнаа во близина на блиските села Пивничка и Њујорк (наречени по американскиот град). Од утрово непријателот изврши 30 напади во близина на тие населби“, рече Назар Волошин, портпарол на украинската војска.
Украинските сили пред два дена мораа да се повлечат на другата страна на каналот што минува низ предградијата на клучниот град Часив Јар во областа Доњецк.
„Беше непрактично да се задржи областа на каналот каде што влезе непријателот бидејќи таму беа уништени позициите на нашите сили, па беше одлучено да се префрлиме на позаштитени и подобро подготвени позиции“, изјави Волошин за украинската телевизија.
Позицијата на Украина стана неодржлива благодарение на разорните напади на руските т.н лизгачки бомби, изјавија за Политико од прес-службата на 24-та механизирана бригада.
Доколку падне Часив Јар, руските сили ќе можат да започнат офанзива против голем број украински упоришта во регионот на Доњецк.
Русите се обидуваат да го заземат Часив Јар повеќе од шест месеци и покрај неодамнешното повлекување на Украина, сè уште не го освоиле градот, додаде Волошин. Тој рече дека украинските сили подготвиле одбрана од другата страна на каналот.