УЕФА го суспендираше турскиот стопер Мерих Демирал на два натпревари, што предизвика огромно негодување во турската јавност, а се огласи дури и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Демирал ги прослави головите против Австрија покажувајќи го симболот на „Сивите волци“, ултранационалистичка турска групација. Рече дека не жали и се надева дека на ист начин ќе слави повеќе голови.
Одлуката на УЕФА значи дека денеска нема да игра во четвртфиналето на ЕП против Холандија, но и во потенцијалното полуфинале доколку Турција се пласира.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, беше шокиран од постапката на УЕФА, поради која тој ги промени плановите.
Имено, иако не планираше да присуствува на евро-натпреварите, тој утре доаѓа во Берлин да ги бодри турските фудбалери.
„Зошто никој не прашува зошто има орел на дресот на германската репрезентација, или петел на дресот на Франција? Мерих со својот гест ги покажа своите емоции“, рече Ердоган.