Падна дрво во Скопје, тешко повредени две жени

Од:

Полицијата извести дека вчера во 14.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, поради лошите временски услови паднало дрво и повредило двајца минувачи.

Според пријавеното, со тешки повреди се здобила В.Л.(28) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобила А.А.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го блокираше влезот на ОУ „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец

Катерина Ѓуровски

Оштетени две паркирани возила откако дрво падна врз нив

А1он