ВИДЕО: Страотен руски напад на Днепар, четворица мртви и десетици повредени

Од:

Во напад на руски проектили и беспилотни летала врз украинскиот град Днепар загинаа четворица цивили, а 27 беа ранети, оштетени се градинки, училишта и болници и предизвикани се пожари низ градот, соопштија регионалните власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели драматично видео од ракетниот напад.

„Утрото не беше добро за нас. Непријателот изврши комбиниран напад врз нашиот град“, рече Серхиј Лисак, гувернер на околниот регион Дњепропетровск, во видео објавено на апликацијата за пораки Телеграм.

Од повредените 11 се пренесени во болница, а двајца се во тешка состојба, рече тој.

Лисак објави фотографии од работниците на итната помош како отстрануваат скршено стакло и го гаснат пожарот.

Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили ја гаѓале областа Дњепропетровск со седум проектили и пет беспилотни летала Шехид.

Противвоздушната одбрана успеала да собори пет проектили и сите беспилотни летала, се наведува.

Градоначалникот на Днепро, Борис Филатов, прогласи ден на жалост за четврток. Тој рече дека се оштетени две училишта и три градинки.

Фрагменти од проектил паднале врз детската болница, а оштетени се уште две болнички згради. Оштетени се и деловни згради, соопштија властите.

Русија во последните месеци ги засили воздушните напади врз украинските градови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски