Како што пренесува „Вијести“, работникот бил во кранот, кој се урнал за време на ураганските ветрови.
Исто така, постар човек Д.П. (60) починал на лице место на градилиштето за голф во Луштица. Како што пренесуваат медиуми страдал од удар на гром. На местото на настанот се полициски службеници од одделението за обезбедување Тиват кои вршат увид.
Околу 10 часот Тиват го зафати големо невреме, кое предизвика обилни врнежи од дожд, ветер и грмежи.
Порталот Приморски јавува дека ветерот откорнал делови од дрвја во Бар и дека биле оштетени автомобили. Се наведува дека поради невремето биле оштетени и неколку пловни објекти во пристаништето.
Освен тоа, невремето собори три кранови во пристаништето и ги скрши претоварните мостови.