Шефот на Управата за криминалистичка полиција (УКП), Нинослав Чмолиќ денеска изјави дека црногорската полиција ја уапсила сопругата на терористот Милош (Салахудин) Жујовиќ, кој вчера беше неутрализиран при нападот на жандармите пред израелската амбасада.
– МВР на Црна Гора набрзина стигна до сопругата на терористот, и беа одземени сите електронски уреди и ќе биде кривично гонета. Потребна ни е поддршка од целото општество кога станува збор за тероризмот. Граѓаните треба да имаат доверба во државата и полицијата. Ги преземаме сите активности за одржување на редот и мирот и заштита на нашите граѓани – рече Чмолиќ.
Потсетуваме, Жујовиќ вчера околу 11 часот пред Амбасадата на Израел во Белград со самострел го застрела во вратот припадникот на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34).
Припадникот на Жандармеријата кој беше ранет од напаѓач со самострел, Милош Јевремовиќ (34), вчера бил опериран во Ургентниот центар, каде му била извадена стрелата од вратот и тој е во стабилна состојба.
Во текот на вечерта и утрото полицијата уапси неколку соработници на Жујовиќ, меѓу кои и Игор Деспотовиќ (25), кој веќе е осуден за планирање терористички напади во Србија.
– Утврдено е дека Жујовиќ и Деспотовиќ биле на „врска“, односно дека долго време разменувале пораки во кои договарале терористички напад, кој Жујовиќ го извршил вчера – изјави извор на српски Курир запознаен со случајот.