Новиот Ветропарк во Штип ќе обезбеди струја за 100.000 домаќинства, владата тргна со инвестиции уште во првата недела. На територија на три општини, Карбинци, Штип и Радовиш ќе се гради најголемиот ветерен парк во Македонија и пошироко, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ветропаркот околу Штип е приватна инвестиција на инвестициски фонд тешка 450 милиони евра. Ветропаркот годишно ќе генерира нови 100 милиони евра во македонскиот БДП – велат од партијата.