Седум лица се ранети, меѓу кои четири деца на возраст од три до десет години, во пукотница во градот Крит во американската сојузна држава Небраска, јавува денеска ABC News.
Осомничениот напаѓач Били Бут (74) е пронајден мртов по пукањето во петокот во неговата резиденција. Се претпоставува дека извршил самоубиство.
Според капетанот Шон Карадори од државната полиција на Небраска, пукањето се случило околу 16.30 часот по локално време во населбата Крестлајн Драјв во градот Крит.